24 август 2024
„Вози внимателно и одговорно“, кампања на СВР Битола и РСБСП
На 23.08.2024 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и РСБСП на повеќе локации на подрачјето на Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, под мотото „Алкохолот е лош сопатник- не пиј кога возиш “.
Целта на превентивната активност е подигнување на свеста кај возачите дека не смее да се управува возило доколку возачот е под дејство на алкохол, затоа што доколку управувате возило под дејство на алкохол ја загрозувате и својата безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. На граѓаните им беа делени и летоци со едукативна содржина.