Денеска (23.08.2024) Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајно - воспитна активност на подрачјето на општините Градско и Кавадарци, а поврзано со отпочнување на сезоната на берба на грозје, односно со зголеменото користење и учество во сообраќај од страна на возачите на земјоделска механизација- трактори и приколки.
Во текот на активноста на граѓаните им беше укажано дека и за оваа категорија на возачи важи доследното почитување на законските одредби од Законот за возила, при што беше нагласено дека пред да се вклучат во сообраќај неопходно е да ги доведат своите возила во исправна техничка состојба, особено во поглед на светлосната сигнализација, како и уредите за управување и кочење. Целта на активностите беше насочена кон подигање на безбедносната свест и на оваа категорија учесници во сообраќајот а во интерес на превенција на причините за случувањето на сообраќајни незгоди што се јавуваа кај овој вид возила а примарно најмногу се резултат на техничките недостатоци кај овие возила.