22 август 2024

„Како да се заштитат граѓаните од имотните деликти“ – превентивна активност на СВР Тетово

На 22.08.2024 во период од 09.00 до 13.00 часот, согласно планот за мерки и активности, Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираше превентивна активност „Како да се заштитат граѓаните од имотните деликти“. За таа цел на пазар во градското подрачје на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ и на ул.„Љуботенска“, полициски службеници одржаа средби со повозрасни граѓани.

Целта на превентивната активност е заштита на граѓаните од имотните деликти, да се спречи појава на криминални дејствија како кражби, разбојништва и оштетувања на имотот и да се укаже како граѓаните да се заштитат од имотни деликти како кражби на паричник, чанти и други вредни предмети. Исто така, на граѓаните им беше укажано од брза реакција, односно брзо пријавување во полиција на вакви кривично – правни настани.