22 август 2024

„Безбедно во сообраќај – Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Куманово


Вчера (21.08.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово спроведоа активност во рамки на проектот „Безбедно во сообраќај – Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентивната активност беше реализирана во централното градско подрачје на Куманово, а на возачите им беше укажано за правилата во сообраќајот и на последиците со кои може да се соочат доколку користат мобилни телефони кога управуваат со моторни возила.

Исто така, на возачите им беа поделени едукативни летоци, изработени во соработка со РСБСП.