Вчера (21.08.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола, на повеќе локации на подрачјето на Битола спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата - „И јас и ти сите сме пешаци “.
Целта на активностите беше насочена кон подигнување на свеста кај возачите дека безбедноста на пешаците е императивна, при што мора рамноправно да се почитуваат како учесници во сообраќајот.
Исто така, на возачите им беше укажано дека конзумирањето на алкохол додека се управува со моторно возило го нарушува вниманието, ја намалува концентрацијата на возачот, а со тоа го зголемува ризикот од сообраќајни незгоди. За таа цел на учесниците во сообраќајот, кои управуваа моторни возила, им беа делени летоци со едукативна содржина изработени во соработка со РСБСП.
Во делот на безбедноста на сообраќајот и полициските службеници од ОВР Ресен реализираа превентивни активности со возачите на мотоцикли под мото „Носи кацига, спаси живот“.
А, пак, во делот на заштита од имотни деликти Отсекот за превенција на СВР Битола во координација со организацијата на Црвениот крст од Битола во Битола учествуваше во спроведување на детската манифестација „Мини олимпијада“ каде покрај показни вежби, полициските службеници и волонтерите од Црвениот крст разговараа со граѓаните за поголема лична заштита од кражби, разбојништва и дрски кражби.
ОВР Ресен, денеска (22.08) реализираа превентивна активност за заштита од пожари,и бесправна сеча на шумите.