Денеска (15.08.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе сообраќајна превентивно - едукативна активност под мотото „Вози одморен“.
Едукативно - превентивната активност беше спроведена на подрачјето на општина Ѓорче Петров, поточно на бул. „Ѓорче Петров“. Примарни цели на активноста се зголемувањето на сообраќајната култура преку почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зголемување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Покрај непосредната комуникација со граѓаните – возачи, беа делени и едукативни материјали, односно летоци со информативни содржини и поуки за возачите, а дополнително како стимулативна мерка беа делени и маички и капи.