Денеска (14.08.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивно-едукативна активност под мотото – „Не зборувај на мобилен додека возиш“ наменета за возачите.
Едукативно-превентивната активност се спроведе на подрачјето на општина Центар односно на булеварот „Илинден“ кај Градскиот парк. Основна цел беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
На возачите покрај укажувањата за потребата од почитување на правилата во сообраќајот, меѓу кои и да не се зборува на телефон при возење, им беа поделени и едукативни материјали односно летоци, изработени во соработка со РСБСП.