02 август 2024

Превентивна активност на СВР Скопје за превенција од пожари

Денеска (02.08.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“, со претставници на Шумската полиција и Црвениот Крст, спроведоа превентивно едукативна активност во рамки на кампањата за превенција од пожари.
Едукативно-превентивната активност беше спроведена на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Карпош, односно на Средно Водно. Основна цел беше насочена кон зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, а во контекст на превенцијата од пожари. Притоа, за време на активноста во непосредна комуникација со граѓаните беше посочено какви се последици можат да настанат доколку не бидеме внимателни односно неодговорното однесување при правење на скара, фрлање отпушоци... воопшто на опасностите од предизвикување на пожари од невнимание.
Дополнително, на граѓаните посетители на овој рекреативен простор од Водно им се делеа и едукативни материјали односно летоци, со едукативно-информативни пораки со цел подигање на безбедносната свест и анулирање на потенцијалните ризици од пожари.