Денеска (29.07.2024), согласно оперативниот план „Безбедно лето 2024“, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во просториите на Здружението на пензионери Тетово имаа средба со претставниците и членовите на здружението. На средбата беше разговарано за мерките кои се преземаат за намалување на криминалитетот, а од страна на полициските службеници беа поделени и корисни совети за превенција од имотни деликти, посебно на џебни кражби. Доколку пак, се случи кривично – правен настан, граѓаните треба што е можно побргу да пријават во полиција, со цел негово расчистување. На средбата беа поделени и корисни совети во насока на превенција од пожари, а на граѓаните им беа поделени и едукативни летоци.