29 јули 2024

„Не користи мобилен телефон додека возиш“ – превентивна активност на СВР Тетово


На 28.07.2024, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, на магистралниот пар Гостивар – Кичево спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Кампањата е спроведена во организација на РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје, а нејзината цел е подигнување на свесноста кај возачите дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило го одвлекува вниманието и ја намалува концентрацијата на возачот, а со тоа го зголемува ризикот за сообраќајни незгоди. За таа цел на учесниците во сообраќајот кои управуваа моторни возила им беа делени летоци со едукативна содржина.