Денеска (27.07.2024), полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на автопатот Тетово - Скопје, во близина на наплатна станица Желино, спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата "Вози внимателно и одговорно“ со мото "Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Кампањата е спроведена во организација на РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје и во рамките на неа на учесниците во сообраќајот кои управуваат моторни возила им беа делени летоци со едукативна содржина. Целта на проектот е подигување на свеста кај возачите за да се избегнат поголеми ризици во сообраќајот на патиштата.