На 26.07.2024 во с.Стајковци , Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица Гази Баба, претставници од општина Гази Баба и претставници од месните заедници од с.Стајковци, Црешево, Виниче, Страчинци и Булачани, одржаа работен состанок чија што цел беше разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, примарно преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти и други мерки за поефикасна заштита од пожари.
Исто така, на состанокот беше разговарано и за наччините за спречување на случаите за бесправно сечење на шума Со присутните беше разговарано и за безбедноста во делот на имотните деликти, односно измамите, како и за нарушувањата на јавниот ред и мир, посебно од страна на малолетници и начини на заедничко дејствување со цел зголемување на безбедноста и взаемна доверба, намалување на прекршоци и други кривично правни настани. Исто така, граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат.