26 јули 2024

„Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“ – превентивна активност на подрачјето на Чашка и Кавадарци

Денеска (26.07.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициското одделение Чашка при СВР Велес, на подрачјето на општините Чашка и Кавадарци спроведоа превентивна активност на тема „Пламените јазици се незапирливи“ и „Да ги заштитиме шумите од пожари“.


Превентивната активност беше спроведена на подрачјето на општина Чашка и околните села Бусилци, Извор, Стари Град и на подрачјето на општина Кавадарци, на патниот правец Кавадарци-Мушов гроб и на излетничкото место „12-те другари“, при што на граѓани и случајни минувачи им се поделени летоци со едукативна содржина во врска превентивните мерки кои треба да се преземат за да се заштитат шумите од пожари. Во рамки на активности, во непосредни разговори беше потенцирана потребата за поголема соработка со надлежните институции и навремено пријавување на појави на несовесно однесување од страна на граѓани, фрлање и палење на ѓубре и палење на оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.


При спроведувањето на превентивната активност на граѓаните им беше укажано за донесената мерка од Владата за забрана за движење во шуми и шумски појас во времето од 06.00 до 20.00 часот.