25 јули 2024

СВР Скопје реализираше превентивна активност по проектот „Лето без пожари“ пред граѓаните кои гравитираат од Скопје кон Македонски Брод

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (25.07.2024) заедно со полициски службеници од ПСОН Кисела Вода и претставници од ЈПУЗПП „Јасен“ одржаа работен состанок чија што цел беше разгледување на безбедносната состојба и степенот на загрозеност на шумите од пожари, потоа мерки за поефикасна превенција, рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели, примарно преку зајакнување на комуникациите и координацијата помеѓу надлежните субјекти, како и други мерки за поефикасна заштита од пожари .
По завршување на состанокот, на место викано „Кула“ реализирана е превентивна активност по проект „Лето без пожари“, при што на граѓаните кои беа затекнати и кои гравитираат од Скопје кон Македонски Брод, а во соработка со Националниот парк „Јасен“ од страна на полициски службеници им беа делени едукативни летоци, со цел да се упати апел до граѓаните за подигнување на свесноста во однос на пожарите, за нивно одговорно однесување што претпоставува да не се фрлаат отпушоци и догорчиња, да не се палат огнови, од кои лесно и брзо може да избувнат пожари од големи размери кои предизвикуваати значителна имотна и материјална штета. Исто така, граѓаните беа информирани и за казнените законски одредби по однос на предизвикувањето пожар, намерно или од невнимание, како кривично дело за кое сторителите се санкционираат.