25 јули 2024
Претставници на СВР Куманово на работни средби со локалните власти на Липково и Куманово
Отсекот за превенција при СВР Куманово во рамки на континуираните превентивни активности одржа работни состаноци во општините Липково и Куманово со претставниците на тамошните локални власти. Притоа, беше анализирана состојбата и проценките на степенот на загрозеност на шумите од пожари, како и мерките за рано предупредување и спречување пожари на отворен простор и во шумски предели.
Со реализација на овие активности целта беше да се зајаке координацијата и комуникацијата помеѓу надлежните служби со цел овозможување поефикасна заштита од пожари.
На состаноците биле донесени заклучоци со мерки за постапување и навремено информирање на граѓаните за забрана на палење на стрништа и сува трева.