Денеска (25.07.2024), според превентивниот план - БЕЗБЕДНА ЛЕТНА СЕЗОНА, како и согласно прогласената кризна состојба од пожари во летниот период, Регионалниот центар за гранични работи Југ на трите гранични премини кон Република Грција кои што се под негова надлежност реализираше превентивни активности во насока на спречување и заштита од пожари.
Така, на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ полициски службеници од РЦ за ГР Југ во непосредна комуникација со патниците укажуваа на примарните аспекти на заштита и на одговорно однесување во актуелниот момент, обременет и со опасните климатски фактори – пред сѐ високите температури. Воедно, на патниците кои влегуваа во земјата им беа делени едукативни летоци со превентивни совети и пораки за совесно однесување на патниците кои влегуват и транзитираат низ државата, за важноста од навремена комуникација со надлежните институции, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ во насока на подигање на свесноста на граѓаните.