Во рамки на оперативниот план на МВР за безбедна летна сезона, Отсекот за превенција при СВР Битола, вчера (21.07.2024), во соработка со Општинската организација на Црвениот крст Битола, на Крушевското езеро во Крушево, каде се одржуваше трка во пливање, реализираа показна вежба за правилно укажување на прва помош во случај на давење во водите на езерото. Воедно, волонтерите на Црвениот крст од Битола одржаа и показна вежба за правилно укажување прва помош при топлотен удар, колабирање, како и изгореници.
Исто така, со посетителите на оваа локација им беа споделени и препораки за заштита од џебни кражби и кражби на вредни предмети од автомобили.
Во делот на безбедноста на сообраќајот, полициски службеници од ОВР Ресен, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, ОВР Демир Хисар и ОВР Македонски Брод во текот на вчерашниот ден во соодветните централни градски подрачја реализираа превентивни активности под мото „Вози одговорно, стави појас", „Вози одморен", како и „Носи кацига", со акцент на малолетните мотоциклисти.
При реализација на активностите беше поделен и едукативен материјал.