Денеска (20.07.2024) на подрачјето на ПО Јегуновце, на неколку локации на регионалниот пат с.Лешок-с.Шемшово и сЈегуновце - с.Шемшово од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од ПО Јегуновце, беа спроведени активности за превенција од пожари. На граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а во директна комуникација им беше укажано и да не фрлаат отпушоци, да не палат отпадоци, меѓи и стрништа на нивите или излетнички огнови. Граѓаните, исто така, беа запознаени и со законските последици предвидени за намерно или предизвикување пожар од невнимание.