Вчера (18.07.2024) согласно Оперативниот план „Безбедно лето 2024“, полициски службеници од Отсекот за превенција организираа средби со одговорните лица- менаџери на угостителски објекти во Тетово, на кои им беше укажано доследно да ги почитуваат законските одредби, посебно за нивната должност како правни и одговорни лица или трговци поединци кои вршат угостителска дејност да преземат соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во угостителските објекти, како и да пријават евентуални нарушувања на редот.
Посебен акцент беше ставен на тоа да се спречи пукање со огнено оружје или употреба на пиротехнички средства надвор од законските прописи, како и точењето на алкохол на малолетни лица.