17 јули 2024

Во Куманово реализирана превентивна активност за укажување на помош на граѓаните при топлотен удар


Вчера (16.07.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинска организација на Црвен крст Куманово, во рамки на превентивната кампања „Безбедно лето 2024“, на плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово реализираше превентивна активност со цел укажување на помош на граѓаните при топлотен удар.
Во рамки на превентивната активност на минувачите им беа поделени совети за потребата од добро хидрирање на организмот, неопходно за високите температури, да избегнуваат движење во најтоплите периоди од денот, да носат светла облека, да не консумираат алкохол пред и за време на управување со моторните возила, а доколку тргнале на подолг пат да практикуваат почести застанувања под сенка, како и да не оставаат деца или домашни миленици во автомобилот.
Како дел од континуираната соработка со Општинската организација на Црвен крст Куманово, нејзини активисти изведоа пред граѓаните повеќе симулациски вежби, а на случајни минувачи им беа измерени крвниот притисок и шеќерот во крвта, задолжителна редовна практика на хроничните болни во летните месеци, при што им беше поделена вода за освежување, како уште еден потсетник за потребата од редовна хидратација на организмот во текот на летото.