14 јули 2024

Превентивни активности на РЦГР Југ

Денеска (14.07) полициски службеници од РЦГР Југ- ПС за ГН Михајлово реализираа превентивна активност за превенција од пожари и бесправна сеча на шумите. Активноста беше спроведена на повеќе локации и тоа Витачево, Крњево, Чемерско, Гатеново... каде низ директна комуникација со граѓаните и со делење на летоци со едукативна содржина, полициските службеници укажуваа за законските санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и во поглед на бесправното сечење на шумите, а секако и за потенцијалните штети што тие може да ги предизвикаат за животната средина и шумскиот фонд.