Вчера (11.07.2024) Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со РСБСП и мото клубот „Конзули“ спроведе превентивна активност на подрачјето на Битола, наменета за возачи на мотоцикли. Активноста беше спроведена со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотори да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност.
На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.