Отсекот за превенција при СВР Охрид, вчера (11.07.2024) на подрачјето на Охрид ја реализираа превентивната кампања „Заштита од имотни деликти“. Целта на проектот е поблиско запознавање на граѓаните, пред сѐ на повозрасната популација како главна цел на сторителите на овие дела, за појавните форми на имотните деликти и измамите, најчестите начини на манифестирање, начините на препознавање и заштита од истите. Во таа насока, полициските службеници остварија интерактивна комуникација со граѓаните, ги потсетуваа и советуваа за неопходноста од навремена реакција и пријавување на овие дела што ќе придонесе за брзо пронаоѓање на сторителите и подобрување на општата безбедносна состојба на подрачјето.