Денеска (11.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и мото клубовите „Но лимит“ и „Вепар“ спроведе превентивна активност на подрачјето на општина Центар, наменета за возачи на мотоцикли. Активноста беше спроведена со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, особено за почитување на законската обврска за возачите на мотори да носат заштитен шлем (кацига), со што се зголемува, пред се, личната безбедност.
На возачите им беше поделен и едукативен материјал односно летоци.