Полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола денеска (11.07) и вчера (10.07) на повеќе локации на подрачје на oпштина Прилеп, реализираа превентивни активности во рамките на проектот „Заштита од пожари“, а посветени на превенцијата и мерките за заштита од шумски пожари и заштита од бесправна сеча на шуми.
Преку делење на летоци со едукативна содржина, како и во непосредна комуникација со граѓаните, полициските службеници укажуваа за законските санкции во поглед на предизвикувањето на пожари и во поглед на бесправното сечење на шумите, а секако и за потенцијалните штети што тие може да ги предизвикаат за животната средина и шумскиот фонд.
Покрај ова, полициските службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во текот на вчерашниот ден, во Битола како и на излезите од градот со возачите на моторни возила реализираа превентивни активности под мото „Вози одморен" и „Користи појас".
Исто така, Отсекот за превенција во текот на вчерашниот ден реализира средба со угостители во централното подрачје на Битола во насока на безбедна летна сезона, со акцент на малолетниците и законските обврски кои ги имаат угостителите, а исто така и почитување на работното време и евентуалните нарушувања на јавниот ред и мир.
Полициски службеници од ОВР Ресен, пак , во текот на вчерашниот ден реализираа превентивна активност за побезбеден сообраќај со акцент на пешаците, под мото „И јас и ти, сите сме пешаци".