11 јули 2024

„Носи кацига, вози внимателно“, превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при СВР Велес, Одделението за полиција Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес, заедно со РСБСП и мото клубови од Велес и Кавадарци на подрачјата на овие градови реализираа превентивна активност „Носи кацига, вози внимателно“.

Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура преку потсетување на сообраќајните правила, прописи и обврски за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, а посебен акцент беше даден на носењето на кацига, како на возачите на мопеди или мотоцикли така и сопатниците, како и нејзиното значење за безбедноста на учесниците во сообраќајот. Членовите на мото клубовите ги споделија и нивните искуства, пред се на младите возачи на мопеди или мотоцикли, потенцирајќи ја важноста од носење кацига. За време на активноста беа поделени и едукативни летоци изработени од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.