09 јули 2024

Вози одморен“, превентивна активност на СВР Скопје за побезбеден сообраќај

Денеска (09.07.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе превентивно едукативна активност „Вози одморен", наменета за возачите на моторни возила. Активноста беше спроведена на подрачјето на општина Гази Баба. На возачите им беше посочено на последиците кои може да ги предизвика заморот и им беше укажано на потребата од правење почести паузи доколку одат на подолги патувања.На возачите им беше поделен и едукативен материјал.