Отсекот за превенција при СВР-Тетово, денеска (08.07.2024) заврши со практичното имплементирање на превентивно едукативниот проект ,,Чекор по чекор“, кој почна со имплементирање на 15 мај и беа опфатени вкупно 813 деца на предшколска возраст од 14 тетовски и 5 гостиварски детски градинки, на кои стручно обучени полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај-Тетово и Гостивар, им одржуваа предавање и им објаснуваа на децата како да се движат во сообраќајот, секако со напоменаа да внимаваат на сообраќајните знаци. СВР Тетово и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности.