04 јули 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

Денеска (04.07.2024) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на регионалниот пат Кавадарци-Неготино беше реализирана превентивна активност под мотото ,,Вози одговорно“, со цел подигање на свеста на возачите за одговорно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи. На возачите им беше поделен и едукативен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.