Денеска (29.06.2024) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумска полиција, спроведе превентивно едукативна кампања под мотото „Лето без пожари“.
Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на ПО Петровец, односно на наплатната рампа Петровец. Основна цел на проектот е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Имено, за време на активноста беше посочено на зачестеното палење на шумите при правење на скара, фрлање на отпушоци, и воопшто, опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Притоа, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал односно летоци.