23 јуни 2024

Превентивна активност на СВР Тетово за побезбеден сообраќај

Денеска (23.06) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на неколку локации низ централното градско подрачје во Тетово, реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Неправилното паркирање е причина на голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите и затоа мора заеднички да се работи за оваа појава да се елиминира.

Целта на кампањата е унапредување на безбедноста на учесниците во сообраќајот на патиштата преку непосредна комуникација со граѓаните, пред се со возачите, на кои им беше повторена потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилно и совесно паркирање на возилата на означените паркинг места и паркиралишта во градот. На возачите им беа делени и летоци со едукативно информативна содржина.