Денеска (19.06.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола , во просториите на Здружението на пензионери во Битола остварија средба со раководството на пензионерите како и нивните членови, при што беше спроведено и едукативнo-информативно предавање посветено на темата - „Заштита од џебни кражби, измами и разбојништва“ .
За време на активноста на пензионерите им беа дадени совети за лична заштита, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина како да се заштитат од кражби, дрски кражби, разбојништва и слично. Исто така, беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.