Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП денеска (19.06.) спроведе сообраќајна превентивнa активност посветена на задолжителното користење заштитен шлем при возење на велосипеди, тротинети и мотоцикли.
Едукативно превентивната активност се спроведе на подрачјето на општина Карпош односно на булеварот „Партизански одреди“.
Основна цел на проектот е зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Исто така, на возачите при укажување на потребата од почитување на правилата во сообраќајот, им се делеше и едукативен материјал односно летоци.