Денеска (17.06.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивно едукативна активност под мотото – „И јас и ти сме пешаци“.
Активноста беше спроведена на подрачјето на општината Центар, односно на улицата „11ти Октомври“, кај Порта Македонија со цел зголемување на сообраќајната култура кај учесниците во сообраќајот во насока на почитување на сообраќајните правила, прописи и сообраќајната сигнализација, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.