Вчера (13.06.2024) полициски службеници од ОВР Берово во централното градско подрачје на општина Берово реализираа превентивно-едукативна кампања „Не користи мобилен телефон додека возиш“.
Целта на кампањата беше да се подигне свеста на граѓаните за опасноста и последиците кои можат да настанат од користењето на мобилните телефони додека управуваат моторно возило. За време на превентивната активност на учесниците во сообраќајот им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со едукативна содржина.