14 јуни 2024

„Носи кацига, вози внимателно“, превентивна активност на СВР Велес

Отсекот за превенција при СВР Велес и мото друштвото „Тиквеш рајдерс“ од Кавадарци вчера (13.06.) на подрачјето на ОВР Кавадарци реализира превентивна акција „Носи кацига, вози внимателно“, чија што основна цел беше насочена кон внимателното и одговорно учество во сообраќајот во интерес на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

При реализацијата на превентивната акција, а поврзано со претстојниот мото собир организиран од мото друштвото беа поделени летоци, изработени со поддршка од РСБСП, а во рамки на реализираните средби и едукативни разговори со возачите на мопеди и мотоцикли беше упатен апел до сите учесници за време на управувањето на своите возила да користат заштитен шлем и возилата кои што ги управуваат да бидат регистирани и технички исправни.