13 јуни 2024

„Улогата на жените во рано препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, работилница на СВР Скопје

 Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Мисијата на ОБСЕ денеска (13.06.2024) во Скопје ја организираше третата по ред еднодневна работилница на тема „Улога на жените во рано препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, а како дел од планираните активности во рамки на Стратегијата на Министерството за внатрешни работи (Вклучување и комуникација со заедниците 2024-2026).

Притоа, потпирајќи се и на програмските активности на Одделението за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје – околу вклучување на жените во теми поврзани со безбедносни предизвици на локално ниво, а кои влијаат врз семејствата и заедницата, на работилницата учество учеснички од скопските општини Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево, како и вработени од основните училишта и градинки, советнички и претставнички од урбани и месни заедници на територијата на општините.