Вчера (11.06.2024), полициски службеници од ОВР Кичево ги реализираа превентивните кампањи „Пламените јазици се незапирливи “ и „Слави со срце, не со оружје“.
Во текот на активностите, кои што беа организирани како средби со граѓани, во непосреден разговор со граѓаните полициските службеници укажуваа на зголемена внимателност и заштита од пожари пред сé на отворен простор, потоа кои безбедносни мерки треба превентивно да се преземаат за да се заштитат домовите, отворените простори и шумските појаси од пожарите.
Исто така, стана збор и за неопходноста семејните и други прослави, да поминат без употреба на огнено оружје со цел да се избегнат несаканите последици, не само во поглед на законските санкции од незаконското употребување на оружјето, туку и во поглед на физичка заштита на луѓето.