Денеска (12.06.) на Градскиот пазар во Пробиштип, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип при СВР Штип реализираа превентивна активност за заштита од џебни кражби под мотото „Заедно до поголема сигурност“.
На граѓаните, посебно на повозрасните, покрај практичните совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Воедно, полициските службеници при ОВР Пробиштип спроведоа и превентивна активност под мотото „Пламените јазици се незапирливи“. И во текот на оваа активност која, исто така, беше реализирана на локации околу Градскиот пазар во Пробиштип, полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Потоа стана збор за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите. На возачите на моторни возила им беше препорачано да внимаваат кога се движат низ патишта кои поминуваат покрај шумите и да не фрлаат догорчиња од цигари или стаклени предмети, затоа што на тој начин ја загадуваат природата, но исто така на овој начин можат да предизвикаат последици по шумскиот фонд за кои се потребни децении да се надоместат.