10 јуни 2024

„Безбедноста на децата во сообраќајот“ - превентивна активност на СВР Велес

 Денеска (10.06.2024), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност со учениците од второ одделение од основното училиште „Тошо Велков Пепето“ во Кавадарци на тема „Безбедноста на децата во сообраќајот“ како дел од континуираната едукативна програма насочена кон најмалите под мото „Безбедно од дома до училиште“.

Полициските службеници теоретски и практично на учениците им ги појаснија сообраќајните правила и прописи кои што треба да ги применуваат и почитуваат за безбедно движење по тотоар, преминување на улица и крстосница преку пешачки премин, значењето на хоризонталната и вертикалната сигнализација (сообраќајни знаци и семафор), а заради нивно безбедно доаѓање и заминување од училиште.