Вчера (09.06.) Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Јавното претпријатие „Национални Шуми“ реализираше превентивна активност во рамки на кампањата – „Лето без пожари“.
Имено, на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна рампа „Петровец“, полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Скопје во непосредена комуникација со возачите укажуваа на граѓаните што патуваат за ризиците од пожари во овој период од годината, особено во близина на патиштата.
Притоа, особено беше нагласена потребата да не се фрлаат отпушоци или други оптадоци што можат да предизвикаат пожари, а на возачите и патниците им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини во насока на превенција и подигање на свеста кај граѓаните во заштита од предизвикување на пожари.