Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во основното општинско училиште „Вук Караџиќ“ во Куманово реализираа натпревар помеѓу ученици од основните училишта од Куманово на тема „Сообраќајна техничка култура на младите – Детски семафор“.
Натпреварот беше спроведен во две фази и тоа прва фаза на 31.05.2024 тестирање со решавање на онлајн тестови и втора фаза на 01.06.2024 практичен дел со преминување на препреки со велосипеди.
На најдобрите им беа доделени награди, а останатите учесници добија благодарници .