01 јуни 2024

Превентивно-едукативна активност во Сарај, во рамки на кампањата „Лето без пожари“

Денеска (01.06.2024), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Национални шуми и Шумска полиција, спроведе превентивно - едукативна активност во рамки на кампањата под мотото „Лето без пожари“. Едукативно - превентивната активност се спроведе на подрачјето на Полициско одделение Сарај, односно на наплатната рампа Глумово.

Основна цел на кампањата е зголемување на безбедносната култура кај граѓаните, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Имено, за време на активноста беше посочено на ризикот од зачестено палење на шумите при правење на скара, фрлање на отпушоци, и воопшто, беа апелирано за посебно внимание при престој на отворено за да се избегне опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.

Притоа, на возачите им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.