Денеска (30.05.2024) Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес, заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираше едукативна активност од областа на сообраќајот во Општинското основно училиште „Васил Главинов“ во Велес. Притоа, на децата им беше презентирана улогата на полицискиот службеник, опремата за работа, како и основните сообраќајни правила и прописи.
Исто така, во Кавадарци, во соработка со општината Кавадарци и Општинскиот сојуз за училишен спорт Кавадарци беше реализирана активност под мотото „Возете велосипед“, со рекреативно возење по улиците од централното градско подрачје во кое што учествуваа деца од сите основни и средни училишта на подрачјето на Кавадарци, а пак од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на учесниците им беа поделени едукативни печатени материјали со информативна содржина поврзана со управувањето и користењето на велосипедите.