23 мај 2024

Превентивни активности на СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово, денеска (23.05.) во средното економско училиште ,,8-ми Септември“ во Тетово, започна со практична реализација на новиот превентивно-едукативен проект „Навивај спортски, без навреди и насилство“, кој го спроведува Отсекот за превенција.

Проектот ќе опфати околу 2500 ученици во девет средни училишта во Тетово и седум во Гостивар. Професионално обучени полицајци со посебна едукативна програма ќе ги информираат средношколците за правните импликации предвидени во Законот за спречување на насилство и недолично однесување при спортските натпревари, со кои може да се соочат доколку иницираат или се вклучат директно во инциденти.

Покрај ова, на учениците ќе им се укаже и околу социјалните и другите потреби за меѓусебно почитување и толеранција, без разлика на етничка, верска и друга припадност, да се воздржат од говор на омраза и да се надминат разните видови предрасуди и стереотипи. Планирано е проектот да се реализира овој и во текот на следниот месец, со намера да се превенираат потенцијални инциденти и други несакани настани на спортските натпревари.