22 мај 2024

Превентивна активност на СВР Велес за побезбеден сообраќај

Од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициската станица за БПС при СВР Велес, денеска (22.05.) на подрачјето на Велес беше спроведена сообраќајно превентивна акција „Носи кацига при управување со мопед или мотоцикл“ во рамки на која што на возачите на мопеди или мотоцикли им беа делени и летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со РСБСП.

Воедно, полициските службеници на граѓаните учесници во сообраќајот им укажуваа на важноста од стрикно почитување на оваа законски регуларана безбедносна мерка кај оваа категорија на учесници во сообраќајот, нагласувајќи согласно искуствата од практиката дека носењето на заштитниот шлем навистина спасува живот и претставува заштита од различни видови на повреди.