Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Мисијата на ОБСЕ денеска (21.05.) во Скопје организираше еднодневна работилница на тема „Улога на жените во рано препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, а како дел од планираните активности во рамки на Стратегијата на Министерството за внатрешни работи (Вклучување и комуникација со заедниците 2024-2026).
Притоа, потпирајќи се и на програмските активности на Одделението за развој на полицијата при Мисијата на ОБСЕ во Скопје – околу вклучување на жените во теми поврзани со безбедносни предизвици на локално ниво, а кои влијаат врз семејствата и заедницата, на работилницата учество зедоа службенички од општинските администрации на скопските општини Гази Баба и Чаир, како и вработени од основните училишта и градинки, советнички и претставнички од урбани и месни заедници на територијата на општините.