Денеска (17.05.2024) на ул.„Булевар Маршал Тито“ во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ја реализираа превентивно - едукативната кампања „Стави појас“. Притоа, граѓаните беа информирани за тоа која е предноста од користење на сигурносни појаси, пред сѐ заради лична безбедност и заштита на возачот, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот.
Главната порака беше дека сигурносните појаси не се наменети само за возачот, бидејќи обврската се однесува и на сопатниците на предните седишта и на тие што седат на задните седишта, без разлика дали се движат во населено или надвор од населено место.
Инаку, целта на акцијата беше да им се потенцира на учесниците во сообраќајот за задолжителното почитувањето на сообраќајните правила, како и користењето на сигурносен појас при управување на возилото. Воедно, граѓаните беа запознаени и со законската регулатива, односно санкционирањето во случај на некористење на појасот. При реализацијата на превентивно - едукативната кампања беа поделени едукативни летоци со мотото „Стави појас“, изработени во соработка со РСБСП.