Вчера (14.05.) во рамки на планираните превентивни активности околу безбедно одвивање на претстојните матруски прослави, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово започнаа со контакти и работни средби со сопственици на угостителски објекти од тетовското и гостиварското подрачје, каде ќе се организираат матурски и полу-матурски прослави. Притоа, полициските службеници укажаа на одговорноста за почитување на законските обврски, пред се од областа на јавниот ред и мир, како и околу последиците кои произлегуваат од нивно непочитување. Овие активности ќе продолжат и во наредните денови, се со цел да се овозможи безбедно одржување на матурските прослави.
Инаку, вчера и полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово, во детската градинка во Камењане одржаа превентивно едукативно предавање за деца од предшколска возраст, на кои што им беше одржана практична настава од областа на сообраќајот и сообраќајната безбедност.