13 мај 2024

Едукативни работилници на СВР Велес

Денеска (13.05.) Отсекот за превенција при СВР Велес во Велес и во Кавадарци реализираше три едукативни работилници. Притоа, во Велес во соработка со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес едукативната работилница беше реализирана со учениците од средното општинско училиште „Кочо Рацин“ на тема „Штетни последици од зависности- дрога и алкохолизам“, во контекст на кампањата „Кажи не на дрогата, да на животот“. Додека пак, во Кавадарци, во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ работилница беше организирана со матурантите од оваа образовна институција околу сообраќајните правила и прописи од аспект на нивно почитување кај категоријата на возачи почетници, а пред се во пресрет на претстојните матурски прослави, како и во детската градинака „Рада Поцева“ со децата од предучилишна возраст, исто така околу важноста и значењето на сообраќајните правила и прописи кај пешаците.

На сите овие едукативни работилници преку целни, односно наменски подготвени презентации децата и учениците беа запознаени со сите оние битни тематски информации во насока на нивна поголема безбедност и превенција од штетни последици.